Почина Есма Реџепова, кралицата на ромската музика

0
3230

По кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска.

Таа во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број хуманитарни акции. Денеска ја изгуби битката со болеста.

Годинава, поточно во мај, беше промовирана нејзината монографија.

Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали  и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.

За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12 000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.