Почина Ѓорѓи Десановски-Десан

0
3111

Почина еден од доајените на битолското сликарство, ликовниот уметник Ѓорѓи Десановски – Десан.

Тој по завршувањето на Педагошката академија во 1965, заминува за Париз каде неколку години не само што го усовршува сликарството, туку и се повеќе ги осознава судбините на оние кои во Холокаустот ги загубија најблиските.

Работел и како ликовен педагог во ОУ Тодор Ангелевски во Битола.

Беше член на Друштвото на ликовни уметници на Битола уште од самото формирање, исто така и член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Во својот животен век имал многубројни изложби како во Битола, така и низ градовите низ Македонија, Европа, Австралија.

Пред десетина години го заокружи циклусот ликовни дела посветен на Холокаустот.

Беше еден од иницијаторите за формирање на ликовната колонија во црквата Св.Ѓорги во село Велушина.