Почина Хелмут Кол – човекот кој ја обедини Германија

0
468

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој ја водеше земјата во текот на последните денови од Студената војна и во повторното обединување, почина на возраст од 87 години.

Тој одигра значајна улога во промовирањето на европската интеграција и на воведувањето на заедничката европска валута, еврото.

Кол се залагаше за интегрирање на посткомунистичките држави во Европската унија и НАТО, под услов тие да ги исполнуваат условите за членство.

Заедно со неговиот близок пријател, францускиот претседател Франсоа Митеран, Кол се надеваше да ја направи Европската унија рамноправен партнер со САД.