Почина Јадранка Стојаковиќ

0
864

Познатата пејачка од Босна и Херцеговина, Јадранка Стојаковиќ, почина во вторник на возраст од 66 години, во Бања Лука по долго боледување, јави  RTRS.

Стојаковиќ е родена во 1950 година во Сараево, каде студирала и Академија за ликовни уметности, а со музика почнува да се занимава со обработка на севдалинки и изведување на песните на Алекса Шантиќ и Десанка Максимовиќ, познати писатели од поранешна Југославија.

Учествувала на бројни музички фестивали во поранешна Југославија и беше голема ѕвезда на југословбенската шансона.

Нејзините песни како „Све смо могли ми“, „Што те нема“ и „Има нека тајна веза“, беа меѓу најголемите музички хитови на просторите на поранешна Југославија.

Стојаковиќ од 1988 година до 2012 живееше во Јапонија, кога се пресели во Бања Лука.

Боледуваше од мултипла склероза, а последните две години ги помина во домот за стари лица „Јован Павле Втори“ во Бања Лука./крај/мф/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY