Почина југословенската фудбалска легенда, Слободан Сантрач

0
518

Синоќа во Белград почина некогашниот фудбалер и селектор на поранешна Југославија, Слободан Сантрач, кој во 2005 година во краток период беше и кормилар на македонската репрезентација.

Сантрач седеше на нашата клупа на пет средби и имаше ефект од една победа и три пораза. Името на Слободан Сантрач е запишано во алманахот на југословенскиот фудбал бидејќи е најдобриот стрелец во некогашната лига со 218 постигнати голови. Toj патот низ фудбалот го започна во ОФК Београд а беше и во :Грасхоперс, Партизан и Галеника Земун. За југословенската репрезентација има осум средби и еден гол.

Сантрач ја водеше Југославија од 1994 до 1998 година а потоа и Саудиска Арабија и Македонија. Од 2008 до 2011 година работеше во Кина во три различни клуба, Чангша, Киндао и Шанчи.