Почина кнезот Алкесандар Караѓорѓевиќ

0
441

Кнезот Александар Караѓорѓевиќ, почина во четврток, во Париз на возраст од 92 години, соопшти неговиот кабинет.

Александар Караѓорѓевиќ, син на намесникот Павел и кнегинката Олга Караѓорѓевиќ, роден е на 13 август 1924 година во Вајтлоџ во Велика Британија.

Тој е правнук на вождот Караѓорѓе, потомок на руската царска лоза Романови, кнежевската лоза Демидови, како и грчко данските кралеви и кнезови. Според семејниот правилник на кралскиот дом од 1930 година, ја носење титулата кнез на Југославија.

Се школувал во Итон. Учествувал во Втората светска војна како пилот доброволец на RAF.

Беше потпретседател на Управниот одбор на Западноевропската епархија на Српската православна црква, обновувач на редот на Змејовите и покровител на Центарот за истражување на православниот монархизам.

Кнезот Александар Караѓорѓевиќ ќе биде погребан во семејната гробница во Опленaц, пишува во соопштението./крај/б/бб