Почина легендарната пејачка Љупка Димитровска

0
990

Познатата македонска пејачка Љупка Димитровска почина во понеделникот во попладневните часови по кратка и тешка болест во 71-та година од животот.

Љупка Димитровска е родена во 1946 година во Скопје. Беше великан на забавната музика и шлагерите, а врвот на својата популaрност го досегна во 70-тите и 80-тите години. Една од омилените пејачки не само на просторот на бивша Југославија туку и пошироко, и сопруга на композитор Никица Калоѓера, првиот албум „Љупка“ го објавила во 1975 година, а следувала долга и успешна кариера и бројни хитови.

Голем дел од нејзините хитови ги напиша Никица Калоѓера со кого се венча во 1968 година. Меѓу нејзините најголеми хитови се „Ја га хочу, он мене нече“, „Године нису важне“, „Нема више љубови“, „Та твоја барка мала“… Голем дел од своите национални и интернационални хитови ги остварила во дуетот со Ивица Шерфези за кого пред неколку години рекла: „Бевме многу слични гласовно и карактерно“, а додала и дека со години ги избегнува медиумите бидејќи тоа ѝ е премногу стресно.

Токму како изведувачка на шлагери постигнала најзабележливи успесу и освоила бројни престижни награди и признанија на меѓународните фестивали. Како уметница се афирмиала не само на просторот на бивша Југославија, туку и во Чехословачка, Грција, Франција, ИсточнаГерманија и во многу други земји.

Димитровска учествувала на „Југовизија“ во 1970 година со песната „Бај, бај“ со која го освоила 6-тото место. До својата смрт живееше и работеше во Загреб.

Љупка освен по нејзиниот нежен вокал беше позната и по својата фризура, а поради веселите песни ја нарекуваа „вечното девојче“.