Почина легендарниот актер Драган Николиќ

0
770

Драган Николиќ, за пријателите Гага, е роден 1943 година во Белград. Бил најмлад студент на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, запишан со само 17 години. Неговата филмска кариера започнала 1964 година, со улогата во филмот „ Вистинска состојба на нештата“, каде е потпишан со крстеното име Драгослав.

Првата значајна улога му е онаа на Лабилниот сезонски работник во филмот „ Кога ќе бидам мртов и бел“, снимен 1967 година. За оваа и за остварувањето во филмот „ Три часа за љубов“ Николиќ доби признание на филмскиот фестивал во Пула 1968 година. Во неговата кариера се вборуваат повеќе од 30 филмски остарувања , меѓу кои се „ Улогата на моето семејство во светската револуција“, „ Национална класа“ , “ Кој тоа таму пее“, „ Сезона на мир во Париз“, „ Нешто помеѓу“, „ Последниот круг во Монца“, „ Балкан експрес“, „ Оригинал на фалсификатот“. Играше и во сериите: „ Отпишани“, „ Зона замфирова“ „ Подобар живот“, „ Ранетиот орел“, „ Село гори, а баба се чешла“ и други.

Добитник е на наградата „ Цар Константин“ и на други високи уметнички признанија. Животот го делеше со актерката Милена Дравиќ, со која започнаа врска и се венчаа на едно од снимањата за тв серијата „ Образ до образ“.

Во неговото последно интервју, Драган истакна дека сонувал со која професија ќе се занимава, знаел дека ќе биде успешен, и секогаш верувал во себе.

– Тоа е лошо, ако ти се исполнат соништата веќе станува досадно, не се бориш ни со другите, ни со самиот себе. Мене тоа уште не ми се случи, изјави актерот.

И кога ќе бидам мртов би сакал да бидам каква таква светилка, рече тој.

Тој велеше дека е среќен човек со одлично семејство и богата кариера, кој има среќа во животот и е благодарен на Бога за тоа.