Почина легендарниот шахист Виктор Корчној

0
458

Шаховскиот велемајстор Виктор Корчној, веројатно најдобриот играч кој никогаш не станал светски првак, почина во Швајцарија, потврди Шаховската федерација на Русија.

Корчној (85) беше еден од најдобрите советски шахисти пред да пребегне од Советскиот Сојуз во Холандија во 1976 година. Неговите мечеви со некогашниот шампион Анатолиј Карпов привлекуваа големо внимание и поради своите политички, психолошки и физички аспекти.

Корчној два пати го предизвика Карпов, но не успеа да му ја одземе титулата. Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов во 1990 година му го врати државјанството на Корчној.