Почина младиот битолчанец Гоце Марковски

0
38332

Почина битолчанецот Гоце Марковски младото момче за кое во изминатиов период се собираа донации за негово лекување.

За лекувањето како што тогаш информираа медиумите беа потребни 50.000 евра, поради што почна и масовната кампања за донации со цел да се собере таа сума.

Тој боледуваше од тумор на мозокот и храбро се бореше со болеста која му беше дијагностицирана.

По операцијата, пост-оперативно продолжи да се лекува во Универзитетска Клиника Хале, Германија.

13 годишното момче, свиреше пијано и беше член на пливачкиот клуб од Битола.

Младото момче имаше учествувано на многу натпревари, издвојува многу победи и успеси низ цела Европа. Гоце беше роден во Битола на 25 декември 2003 година.

Гоце, почивај во мир.