Почина модната дизајнерка Соња Рикел

0
395

Големата модна дизајнерка Соња Рикeл почина утрово во Париз, во 86-та година од животот, после долгогодишна борба со Паркинсовата болест.

Веста за смртта на „кралицата на трикотажата“ ја потврди нејзината ќерка Натали Рикeл, менаџерка и уметничка директорка на брендот „Рикeл“, јави Би-би-си.

Креаторката позната по живописната трикотажа, во 2012 година призна пред јавноста дека од 1997 година се бори против Паркинсовата болест.

Соња Рикeл во 2009 година беше одликувана со орденот Легија на честа.