Почина најстариот Македонец во Австралија

0
613

По кратко боледување  на 97 години почина најстариот Македонец во Австралија Коста Капинков, кој е роден во село Цапари, Битола во 1919 година. Капинков во Австралија е дојден во 1938 година. Тој беше успешен бизнисмен и долгогодишен активист во македонската заедница.

Во чест на Коста Капинков познатиот австралиски публицист и новинар Мајкл Зекулич ја издаде книгата посветена на животот и делото на Коста Капинков, кој беше добитник и на благодарница од македонската амбасада за неговиот 70 годишен придонес кон развојот на македонската култура и јазик во Западна Австралија.

Семејството на Коста Капинков ја основа и фондацијата „Капинков”, чија цел ќе биде помагање на социјално загрозените деца во Република Македонија за набавка на училишен прибор.