Почина Ненси Реган, некогашната прва дама на САД

0
684

Ненси Реган, сопругата на 40-тиот претседател на САД Роналд Реган, почина утрово во својот дом во Лос Анџелес, соопшти портпаролот на семејството. Таа имаше 94. Причина за смртта е конгестивна срцева слабост.

„Г-ѓата Реган ќе биде погребена кај претседателската библиотека Роналд Реган во долината Сими во Калифорнија, веднаш до нејзиниот сопруг, Роналд Вилсон Реган, кој почина на 5 јуни 2004 година“, напиша нејзината претставничка Џоан Дрејк во соопштението.

Пред погребната служба, јавноста ќе може да ѝ оддаде почит во Библиотеката.

Ненси Реган е родена во Њујорк, на 6 јули 1921 година. Таа била глумица кога во 1951 година го запознала Роналд Реган, кој бил актер и претседател на Здружението на филмските актери.

 „Мојот живот почна со Рони“, рече г-ѓата Реган за списанието Венити фер во 1998 година.
Нивниот брак траеше 52 години, сè до неговата смрт во 2004 година. Ненси беше многу заштитнички настроена кон својот сопруг, го поддржуваше на неговиот пат од глумец до гувернер на Калифорнија, а потоа и до претседател на Соединетите Американски Држави.

Без коментари

LEAVE A REPLY