Почина пилотот во пензија Михајло Атанасов

0
1416

Вчера во својата 66 година од животот почина Михајло Атанасов пилот во пензија. Тој неговата воздухопловна кариера ја започна во Аеро клубот „ Мирко Тодоровски“ од Битола.

13249446_1010157602431235_2055326585_n

За него, неговиот пријател Перица Поповски ќе напише:

„ Дејноста ја започна како воздухопловен моделар и во таа област постигна врвни резултати освојувајки го првото место во категоријата едрлици на Меѓународниот натпревар КУП Републике во далечната 1969 година. Следниот чекор беше активно вклучување во едриличарската секција при што со успех пред точно 50 години заврши основна обука во едриличарство. Оваа година требаше да се слави јубилеј, но за жал неуспеа да дочека. Веќе наредната година заврши обука во моторно летање на Аеро 3 . Дилемата дали да биде успешен Машински инжењер или пилот брзо ја реши. Се пријави во Јатовата школа го напушти факултетот и целосно се предаде на воздухопловството. Успехот не изостана бидејки желбата беше над себе и длабоко вкоренета во душата да биде професионален пилот.
Воениот рок го заврши како пилот на ЈНА и доби чин на резервен офицер. Кариерата ја продолжи како професионален пилот во ЈАТ на Каравела, ДЦ-9 а потоа се редеа типови на патнички авиони. Се редеа летови ширум Европа, Африка и на разни задачи кои секогаш ги извршуваше на професионален и безбеден начин . По осамостувањето на Република Македонија веднаш пристапи со полн ентузијазам кон формирање на воздухопловната организација Палер Македонија, МАТ и други компании“.

13250343_1010157762431219_1848085393_n

13228010_1010157685764560_1294174678_n