Почина ракометната легенда Пеце Димитровски

0
829

Утрово во Битола по кратко боледување во 75 година од живото почина еден од најдобрите ракометари во историјата на нашата земја, Пеце Димитровски. Човекот кој важи за еден од основоположниците на ракометната игра и на спортот воопшто во Битола од сите едногласно е прогласен за најдобар во битолската ракометна школа.

Важи за еден од најталентираните ракомета­ри кој ја прослави Битола на домашен и меѓународен план. Со спорт почнува да се занимава уште од најраната младост. Во 1957 година ги прави првите чекори во рако­метот. Неговиот спортски талент и рако­метна надмоќ забележани се од тренерот Томе Атанасовски, кој набрзо го вклучува во екипата на РК Работ­ник. Во 1964 година заминува во Ниш каде две години настапува за екипата на Желез­ничар.

Потоа се сели во Велес каде останува три години, а потоа повторно се враќа во Битола каде станува член на Ра­кометникот клуб Пелагонија. За својата успешна ракометна карие­ра добива многу награди и признанија од Ракометниот сојуз на Македонија и Рако­метниот сојуз на Југославија. Многу често е на листите за спортист на годината на Ниш, Велес и Битола. Во 1962 и 1968 година настапува за Ракометната репрезентација на Република Македонија. Во 1966 година станува ре­презентативец на СФРЈ, бранејќи ги бои­те на својата земја на средбите со Полска и Демократска Република Германија. За РК Пелагонија наста­пува како играч и како тренер.

По неговите стапки тргна синот Златко Димитровски, кој долги години настапуваше за Пелистер и во Унгарија, а беше дел и од репрезентацијата на Македонија.По стапките на Пеце и Златко тргна и Иван Димитровски, внукот на Пеце, кој денес настапува во младинската екипа на Вардар. Пеце Димитровски ќе биде погребан утре на градските гробишта во Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY