Почина родилка од Крива Паланка, не се разбудила по анестезија

0
1086

Родилка од Крива Паланка почина во средата попладне по породување во кумановската болница.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, триесет и седумгодишната Слаѓана Демировска во средата на пладне била породена во кумановската болница. При породувањето и било дадена анестезија, но веќе не се разбудила.

Поради тешката состојба родилката била однесена на одделението КАРИЛ, на Ургентниот центар во Скопје каде починала во 15.40 часот.

Случајот бил пријавен во СВР Куманово околу 20 часот.

Телото на родилката е предадено на обдукција за да се утврдат причините од што починала жената.

Официјални информации за новороденчето нема./крај/мф