Почина Рокфелер на 101 година

0
1180

Милијардерот Дејвид Рокфелер почина денеска во својот дом во Покантино Хилс на 101 година, извести неговиот гласноговорник Фрајзер Сиетл.

Рокфелер ја контролираше банката Чејс Менхентн повеќе од 10 години, а беше пра-внук на основачот на Стандард Оил, Џон Рокфелер.

Тој беше најстариот член од семејството Рокфелер, едно од најпознатите семејство во Америка.

Банкарот, кој што според Форбс имаше богатство од 3,3 милијарди долари беше доста влијателен на светската сцена и беше советник на многу американските претседатели низ историјата.