Почина сопственикот на хотелот Епинал и ски-центарот Маврово

0
4305

Денес на 74-годишна возраст почина Ристо Пеов, сопственик на хотелите „Епинал“ во Битола, хотел „Бистра“ во Маврово, спортскиот ресорт и ски-центарот во Маврово.

Пеов е роден во 1943 годинаво село Бапчор, егејска Македонија.

Комеморацијата ќе се изврши в понеделник, во 14 часот, во хотелот Епинал во Битола.

Ристо Пеов е еден од првите повратници од дијаспората од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Тој беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со Ле Гранд казината во Скопје и Битола, а потоа и во хотелите во Маврово и Битола. Пеов го развиваше спортскиот и ски центар во Маврово. Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македониja.

 

Без коментари