Почина судијата Васко Кузев

0
1678
Денес, на 67 год. возраст, почина Васко Кузев, истакнат судија во пензија на Апелациониот суд во Битола.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 год. и оттогаш целиот свој работен век работел како судија во Кривичниот оддел во Битола.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на црквата Св. Димитрија во Битола од 9.00 до 13.00 часот.
Погребот ќе се изврши утре, во 13 часот, во Свето- неделските гробишта во Битола.