Почина универзитетскиот професор Јане Миљовски

0
596

Во Скопје на 70-годишна возраст почина д-р Јане Миљовски, универзитетски професор и поранешен потпретседател и министер за финансии во Владата на Република Македонија.

Миљовски беше долгогодишен  професор на Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј и рекор на приватниот Њујорк колеџ во Скопје. Во експретската Влада го подготвуваше концептот за трансформација на општетсвената сопственост и нејзина приватизацијам, а во првата политичка Влада беше вицепремиер и министер за финансии.

Миљовски е роден на 1 мај во 1946 година.

Пoгребот на проф. Миљовски ќе биде извршен во вторник во Скопје.