Почина велосипедистот во кој пред два дена удри „БМВ“

0
2681

Полицијата соопшти дека на 10.10.2016 година во 20.15 часот во Медицинскиот центар Битола починал М.М. (40) од Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Тој беше повреден на  09.10.2016 година околу 11.37 часот во Битола на крстосницата од ул. „4-ти Ноември“ и ул.„Димитар Илиевски Мурато“ кога во него удрило „БМВ“ со битолски регистарски.