Почината од карцином ја канат на скрининг мамографија

0
534

Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените, но ако е откриен во рана фаза, значително се намалува смртноста од истиот. Скрининг мамографија претставува периодично правена мамографија кај здрава жена без присутни симптоми, со цел да се открие рак на дојка во негов ран клинички стадиум. Поради тоа Министерството за здравство, воведе национална скриниг програма, за рано откривање на рак на дојка во Јавните здравствени установи во РМ. Генерално ваква содржина, содржи писмото кое по трет пат го добива Цветан Чавковски, кој пред една година и пет месеци, ја загубил сопругата во битката со ракот.

 

cvetan cavkovski

Цветан Чавковски вели дека неговата сопруга починала пред 1,5 година од карцином ги известил сите институции, дека таа е мртва.

Со слики во рацете од неговата сопруга раскажува колку е тежок животот кога се дели со човек кој е болен од оваа старшна болест, покрај емоциите, Чавковски додава дека е и многу скап, иако барал помош од државата не му помогнале, барем сега вели нека не ми го сквернават споменот на починатата сопруга, повикувајќи ја на лекување.

Тешко и скапо е лек немаше, но како може да ми пуштаат сега писма да одела таа да се лекува, ги известив сите дека е почината, сите ми велат не сме надлежни, не сме надлежни.

Револтиран бил што и покрај што ги известил за смртта на неговата сопруга, министерството за здравство упорно му испраќало вакви покани. Враќање на спомените за сопругата, враќањето на моментите гледајќи ја сопругата како се мачи, било причина што сакал јавноста да дознае за неговата мака и поканите за скрининг мамографија, кои ги добивал од Министерството за здравство.

Без коментари

LEAVE A REPLY