Починато бебе донесено на Клиниката во Битола

0
862

На 10.ноември околу 06,45 часот во КБ-Битола пријавено е дека било донесено починато 11 месечно бебе. Од страна на СВР-Битола излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно рачистување на случајот. Вкава информација денеска произлезе од дневниот билтен на МВР. Случајот од Битолската болница го потврдија, потенцирајќи дека бебето било донесено мртво, а не умрело на болница.

vasile
Д-р Василе Најдовски директор на Клиничката болница вели дека тотлна дезинформација е дека бебето починало на болница вели било однесено 05.50 часот и дека кај него била констатирана смрт по што е наредена обдукција.

Според лекарот кој го примил детето, истото било мртво најмалку три часа . Обдукцијата ќе ги покаже причините за настанувањето на смртта. Имено кога на ниво на држава е зголемен бројот на смрт кај доенчињата и новороденчињата во битолската болница случајот не бил таков.
meri

Д-р Мери Џарлиева раководител на одделот за неонатологија вели дека споредбено со минатата година кога сме имале 6 егзодуси годинава имаме 4 за една година и имаме 30 новороднечиња помалку од лани. Додава дека причина за зголемената смртност е секако предвремено породување.

Предвреме родените деца дека имаат ризик по својот живот е факт, но се зависи од капацитетот кој го носи самото дете, додава Џарлиева.

Без коментари

LEAVE A REPLY