Почитувајте ги резултатите од изборите во Турција!

0
1451

Турскиот претседател Таип Ердоган денес го повика цел свет да ги почитува резултатите од парламентарните избори во таа земја, на кои партијата на правдата и развојот која тој ја основа, освои близу 50 одсто гласови. Обраќајки им се на новинарите после молитвата во џамијата во Истанбул, Ердоган рекол дека Турците на 1 Ноември гласале за стабилност после неуспехот на преговори за коалиција, после гласањето во јуни.

49,3% од турските гласачи ја поддржале владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП). Ова го покажуваат податоците на турската централна изборна комисија, на обработени речиси 100% од гласовите еден час по полноќ.