Почна битката за Фалуџа

0
496

Ирачката армија го држи притисокот врз милитантите на ИД во нивното упориште Фалуџа, град кој се наоѓа на 50 километри западно од Багдад. Конечниот удар беше одложен со цел да им се даде време на цивилите да го напуштат градот. Во меѓувреме, се подготвувала и офанзива врз второто упориште на ИД, Мосул.

Ирачката армија поодржана од шиитските милиции на копно и од сојузниците предводени од Соединетите држави од воздух, го завршила опколувањето на Фалуџа.

Армијата соопшти дека биле заробени десетици џихадисти и уништени неколку возила полни со експлозив.

Операцијата за ослободување на градот почна на 23 мај и сега главно се воделе борби за повторно освојување на едно гратче блиску до Фалуџа.