Почна битката за Мосул

0
265

Почна офанзивата за ослободување на Мосул од контролата на Исламска држава, изјави рано утрово ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади во телевизиска изјава.

„Најмили наши во провинцијата Нинева, заѕвони ѕвончето на победата и операциите за ослободување на Мосул почнаа“, рече тој. „Денеска го најавувам почетокот на овие херојски операции за да ве ослободиме од бруталноста и тероризмот на ИСИС. Со божја волја, ќе се сретнеме наскоро на тлото на Мосул, каде што сите ние ќе го прославиме ослободувањето и вашата слобода.“