Почна да опаѓа нивото на Сена во Париз

0
502

Нивото на водата во реката Сена во Париз утрово почна да се намалува, објавија француксите медиуми, посочувајќи дека ова е негово прво намалување по повеќе од една недела.

Утрово околу 4 часот Сена во Париз достигна ниво од 6,10 метри, но веќе два часа подоцна тоа се намали на 6,07 метри.

Француското Министерство за животна средина синоќа објави дека Сена во Париз би можела да достигне и до 6,50 метри, што би било нејзино највисоко ниво во последниве 35 години.

Поради веквите предупредувања, француксите власти активираа прелиминарни планови за евакуација на претседателскиот кабинет и неколку министерства, поради опасноста од поплавување на објектите во кои тие се сместени.

Метеоролозите прдвидуваат дека врнежите во реонот на Париз ќе продолжат и во текот на викендов, но дека тие нема да бидат со толкав интензитет како на почетокот на оваа недела,

Поројните дождови веќе предизвикаа поплави во делови на Париз, но париската градоначалничка Ан Идлаго изјави дека локланите власти ги презеле сите неопходни мерки и дека нема посаност по животите на жителите на градот.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, поради поплавите ширум Франција изминативе донови биле евакуирани околу 20.000 луѓе