Почна исплатата на субвенциите за тутунот

0
951

Во министерството за финансии денеска се испратени налозите за вкупно 25 милиони евра, пари со кои ќе бидат исплатени субвенциите за тутунот.

Како што соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски, земјоделците денеска и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.

Од ресорното министерство посочуваат дека изминатиов период биле отстранети сите пречки околу исплатата. Се очекува исплатата да заврши до утре.