Почна јаболкоберот во Ресен

0
302

Верскиот празник Крстовден, денеска традиционално беше одбележан со откинување на првото јаболко на овошните плантажи на “Агроплод” во Ресен, во рамките на годинешната манифестација “Преспански јаболкобер” која што се одржува по 17 пат. Годинава таа се поклопула во актуелното предизбие за локалните избори.
Првото јаблокло како годините наназад го откина градоначалникот Стрезовски кој е и кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

– Производството е драстично смалено, значи оваа година предвидувањата се дека преспанскиот род ќе биде негде помеѓу 20 или 30 тони што во загуба значи некаде околу 20 милиони ерва помалку во џебовите на преспанските овоштари. Нашата локална заедница на општина Ресен секогаш како посветен партнер, тоа го докажавме и во 2014/ 2015 година кога на наше инсистрирање со наша целосна подршка беа направени проценки и кога Преспа беше нападната од град и беа обештетени препанските овоштари, тоа го направивме и оваа година со направените проценки за мразот кој што ја зафати Преспа минатата година 2016 година, изјави Ѓоко Стрезовски градоначалник на Општина Ресен

На денешниот јаболкобер, додјде и Министерот за земјоделеи Николовски придружуван од кандидатот на СДМС и Коалицијата Гошаревски. Во овоштарникот кај што беше манифестација тројцата се ракуваа.
Но, изјавата Министерот ја даде на градскиот плоштад кој исто таак е дел од манифестацијата преспански јаболкобер.

– Денеска од тука од Ресен, ги информирам овоштарите оти вчера со одлука на Влада, го деблокиравме процесот за исплата на обештетувањата за земјоделците кои претрпеа штети од временските непогоди односно мраз, град и поплави, што се случија во 2016 година. Владата го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година – процес кој што беше започнат од страна на претходната власт но според одредбите од Законот за заштита и спасување, поради што целиот процес беше заглавен во бирократски процедури, рече Министерот Николовски.

Претставничката на УНДП на Македонија Винтон заклучи дека преспанското јаболко претставува успешен бренд за регионот.

– Оваа година продолживме да соработуваме. Знаеме дека ова беше тешка година за производителите на Преспа, но може да сметате на УНДП како ваш партнер како и во лошите така и во добрите години , и ви посакуваме успешна берба и успешна година во производството на јаболка, изјави Лујза Винтон УНДП

Изминатите години преку програмата на УНДП во Преспанскиот регион реализирани се голем број проекти за еколошкото производство на јаболка со што се зашитува животната средина , а за во иднина најавија дополнителен систем за навремено инофмирање по однос на потребата за наводнување

– Со примена на прогностички модели со мерење на влажност на почвата и други модерни методи, преспани може да заштедат 50 до 60% од онаа количина на вода што ја користат на годишно ниво, изјави Димитар Сековски проект менаџер на УНДП

Како дел од преспанскиот јаболкобер овоштарите на штандови денеска излегоа во центарот на Ресен каде беше организирана и културно уметничка програма.
„Преспански јаболкобер 2017“ почна на 25 септември, а ќе трае до сабота, 30 септември.

Без коментари