Почна кампањата за независност на Каталонија

0
188

Претседателот на каталонската влада Карлес Пучдемон го означи почетокот на кампањата за независност на оваа шпанска покраина. Станува збор за кампања за референдумот закажан на 1 октомври. Новинските агенции јавуваат дека во Каталонија не постои кампања на противниците на овој референдум, бидејќи тие одбиваат да учествуваат на гласањето. Шпанската влада референдумот го смета за илегален, а Уставениот суд ја суспендира одлуката на каталонскиот паралмент до формалното изјаснување на судиите за ова прашање. На полицијата и е наредено да ги спречи подготовките за гласање, а обвинителството најави постапки против сите кои ќе учествуваат во организацијата на референдумот.