Почна манифестацијата „Крушево етно -град“

0
323

На градскиот плоштад во Крушево со сценско-музичката „Македонска седенка“ синоќа, по деветти пат беше отворена манифестацијата „Крушево-етноград“.
Проектот „Крушево етно-град“ претставува историски времеплов за Крушево. Градот се врати 106 години назад во историјата за време на Крушевската Република. По улиците на Крушево се шета локалното население облечено во униформа на комити-востаници и турски војници од времето на Отоманската Империја, во знак на сеќавање на годишнината од Илинденското востание кое се случило на 02.08.1903. Освен главната парада, во исто време се одржуваат и други настани – уметнички изложби, концерти и други културни и спортски манифестации.

Крушевчани велат дека со оваа манифестација заживува Крушево потсетувајќи на богатото културно и историско наследство и се горди на исторјата и на оваа манифестација што се одржува. “Крушево- етно град” е една од најголемите туристички атракции на Македонија. Фестивалот се одржува секое лето, и ги слави традициите и обичаите на Крушево.

Етно-саемот ќе биде отворен до 15 август, а манифестацијата „Крушево-етно град“ ќе понуди богата програма до 31 јули кога крушевчани ќе ги пречекаат илинденските коњаници.

Без коментари