Почна мерењето на воздухот

0
182

-Фирмата „Еуромак контрол“ од вчера почна со мерење на воздухот во општината. Имавме распишано тендер, договорот е на сила. Целта на мерењата е да го испитаат хемискиот состав на честичките. Ова е првата фаза од договорот, а кога ќе заврши се надеваме дека ќе ги имаме првите резултати. И понатаму продолжува трендот на нормална ситуација, нема зголемена загаденост на воздухот. Инаку, мерната станица е поставена на Магнолија, рече д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.