Почна паниката, 600 милитанти дезертираа и бегаат кон Европа

0
741

Денешните руски воздушни напади врз цели на Исламска држава во Сирија предизвикале „паника“, принудувајќи околу 600 „милитанти“ да ги напуштат своите позиции и да тргнат кон Европа, тврди Москва.

Сумирајќи ги резултатите од нападите во првите три дена, висок функционер на рускиот Генералштаб рече дека руските авиони извршиле повеќе од 60 летови над 50 цели на ИСИС и додаде дека Русија ќе ја интензивира својата воздушна кампања.

„Нашите разузнавачки информации велат дека милитантите ги напуштаат областите што се под нивна контрола. Во нивните редови почнуваат паника и дезертерство“, се вели во соопштението на генерал-полковникот Андреј Картаполов, пренесе Франс прес.

„Околу 600 платеници ги напуштиле своите позиции и се обидуваат да стигнат во Европа“, рече Картаполов.

Без коментари

LEAVE A REPLY