Почна предизборниот молк во Србија

0
299

Во Србија, на полноќ, почна изборниот молк, пред предвремените парламентарни, покраински и локални избори, што ќе трае до недела до 20 часот, кога се затвараат бирачките места.

xЗа време на изборниот молк, забранета е изборната пропаганда, одржување политички собири на јавни места и објавување проценки на изборните резултати.

Исто така, на бирачките места и на 50 местри околу нив, забрането е истакнување спимболи на политички партии и друг пропаганден материјал. Ако таа одредба не се почитува, според законот, гласањето ан тоа бирачко место се повторува.

Бирачите на вонредните парламентарни избори ќе можат да гласаат за 20 листи, а
Републичката изборна комисија е должна официјалните резултати да ги соопшти најдоцна до 28 април во 20 часот./крај/мф/бб