Почна првото летно матине во Битола

0
1257

На ден Петровден почна првото летно ликовно матине во Старата битолска чаршија. Станува збор за изложба на три изложби од годинашното издание на „Мал битолски Монмартр“, односно избор на најдобри слики од „Олимпијадата во очите на децата“, „Светска ликовна изложба“ и „Ликовните бисери од Охрид, Крушево и Битола“.

monmart 3

– Верувајте нема посреќен од мене денес и од моите творци од целиот свет кои што доаѓаат во Битола и ја збогатуваат програмата на Малиот Битолски Монмартр.  Почнуваме со нова манифестација која планираме да прерасне во нова традиција и секоја година на 12 јули, на ден Петровден, ќе го организираме летно ликовно матине. Изложбата од избрани дела на децата од светот поставени се пред  платото пред Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ и во Националната галерија „Монмартр“  изјави Коста Хаџи Антоновски Мал Битолски Монмартр

monmart 2

Хаџиантоновски најави дека до крајот на оваа недела во Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ ќе престојува делегација на Меѓународниот и Македонскиот олимписки комитет кои ќе ги изберат најдобрите слики изработени на тема „Олимпијадата во очите на децата“. Тие ќе бидат испратени во Олимпиското село во Рио де Жанеиро и изложени на претстојните Олимписки игри во Бразил.

monmart 4

За изложбата помош и од членовите на Детското ликовно студио при Малиот Битолски Монмартр.Изложбата ќе трае до 15 јули.