Почна санацијата на кејот на реката Драгор

0
290

Почна санацијата на кејот на реката Драгор, кој се урна пред неколку месеци.

Градежна механизација работи на санирање на урнатиот дел од кејот на реката Драгор, непосредно пред општинската зграда. Од општина Битола рекоа дека во наредните денови ќе излезат со информацијата за санацијата која е во тек.

Инаку кејот пред неколку месеци се урна, што можеби и беше резултат на обилните врнежи дожд кои се слеваа во реката Драгор, во екот на поплавите во Пелагонија.