Почна собирањето потписи за Законот за амнестија

0
381

Триесет и три подрачни единици на Државната изборна комисија од утрово се во функција за собирање потписи на иницијативата за предлог-Законот за амнестија, со кој се бара укинување на казната затвор за оние кои имаат одлежано 40 отсто од затворската казна. Собирањето потписи започна и во подрачното одделение на ДИК во Битола.

-Граѓаните можат да го дадат потписот само со пасош или лична карта, а не се земаат предвид возачка дозвола, здравствена книшка или сличен документ со матичен број, изјави Стефан Чекутков, ДИК Битола.cekutkov

Во наредните три месеци ќе треба да се соберат 10.000 потписи. Иницијативата на државно ниво е согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Без коментари

LEAVE A REPLY