Почна состанокот на државниците во Сараево од Процесот Брдо – Бриони

0
419

Почна состанокот на претседателите на држави од регионот, во зградата на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, чиј годинашен домаќин е Претседателството на БиХ.

Членовите на Претседателството на БиХ, со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, како идејни основачи на овој самит, ги пречекаа претседателите на државите од регионот.

На денешниот пленарен состанок претседателите на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово и БиХ, ќе разговараат за можностите за унапредување на регионалната соработка, покренување заеднички проекти унапредување на економската соработка, решавањето на отворените прашања и за заедничко делување на глобален план.

Почесен гостин на овогодинешниот процес Брдо – Бриони, е претседателот на Италија, Серџо Матарела, кој исто така, денеска ќе учествува на пленарниот состанок на лидерите од регионот.

Состанокот ќе трае до 13.30 часот, кога е закажана прес-конференција./крај/к/бб