Почна тридневниот штрајк на судската администрација

0
446

Судската администрација денеска го почна тридневниот штрајк, кој во петок, како што најавуваат организаторите, ќе премине во протест. Тие бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.

Штрајкот ќе биде целодневен, а денеска и утре во период од 10 до 11 часот судските службеници своето незадоволство ќе го искажат пред судовите. За време на штрајкот ќе биде овозможено минимум непречено извршување на функциите на судот, односно ќе се одржуваат само итните и притворските предмети.