Почна трката по студенско легло

0
947

Започнува трката за студентите по студенско легло во студенските домови во државата. Министерството за образование го објави конкурсот за сместување за претстојната студиска 2017/2018година. Во битолскиот Студентски дом ќе можат да престојуваат 385 студенти.Од нив 77 легла се предвидени за бруцошите а 308 за студентите од 2, 3, 4 , 5 и 6 година.

Конкурост е веќе објавен и аплицирањето може да се направи на веб страната на министерството за образование и наука www.smestuvanje.mon.gov.mk каде ги има и потребните документи. Студентот треба да ги симне, да ги пополни со точни податоци да ги завери во надлежните институции и да ги достави во архивата на домот „Кочо Рацин“ во Битола .

Како што соопшти МОН, на Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2017/2018 година имаат право да конкурираат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.

Начинот на аплицирање, како и критериумите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, се објавени во самиот Конкурс.

Електронското аплицирање за сместување во студентските домови ќе започне на 17 јули 2017 година.