Се интензивираат активностите на патот Битола – Ресен

0
1528

По долги години откако е изграден патот Битола – Ресен – Буково, годинава се најави негова темелена реконструкција. Проектот е на Владата, во должина до 70 километри, вреден 22 милиони евра, обезбедени од Светска банка.

м-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на Ресен вели дека станува збор за отпочнување на подготвителни активности односно отстранување на вегетацијата и проширување на одредени делници и се надева дека за скоро ќе се случи и асфалтирање.

Започнаа подготвителните активности, патот е забранет за сообраќај, а возилата пренасочени по стариот патен правец, но дали започнаа градежните активности. Веќе петнаесетти ден како е затворен патот и за кон Преспа се патува по стариот пат. На Лук оил веќе е поставена градежната механизација која работи на гребенје на асвалтот односно подготвителните активности предвидени со првата фаза на реконструкцијата на овој пат.Додека не се реконструира патот, сите оние кои со возила минуваат низ Битола тринаесетина километри ќе мораат да возат по најстариот пат кој води за Ресен. Тој е тесен со кривини и сообраќајот многу бавно се одвива по него. Овој магистрален пат ќе се работи во две фази од Битола до Макази, а другата од Ресен-Буково во должина од 23 километри.Патот го врзува целиот регион и е значаен за развој на економијата, образованието и туризмот