Почнаа демонстрациите на опозицијата во Подгорица

0
196

Во центарот на црногорската престолнина Подгорица во 19:10 часот почна протестот на опозицијата кој би требало да трае, според најавите, до шест часот наутро во недела.

Во толпата може да се видат знамиња на Црна Гора и Србија, маици со спрските „четири С“ и кокарди, но и бошњачки знамиња. Во моментов сѐ е мирно, јавува Вијести.

Организаторите на протестот ги повикале граѓаните на прошетка до зградата на парламентот.

Полицијата јавува дека група граѓани од Никшиќ, при пристигнувањето на Плоштадот на Републиката (Trg Republike) во Подгорица, фрлиле неколку камења врз амбасадата на Албанија, но немало повредени.

Без коментари

LEAVE A REPLY