Почнаа на Иванден, ќе завршат во септември

0
705

На големиот православен празник Иванден, во дворот на манастирската црква свети Јован Крстител кај Слепче, свечено беше отворена третата, најголема општинска културна манифестација „Демирхисарско културно лето 2016″.
Гости од повеќе градови и претставници на државниот и локалниот политички, стопански и културен живот, претставници на  Македонската православна црква – ОА и други.
Годинашново културно лето кое се совпаѓа и со почетокот на културната манифестација „ Топол културен бран“ и одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски, отворено со сценско – драмската адаптација на текстот „АПОСТОЛСКА ЧУДОТВОРНОСТ” од авторот Зоран Пејковски, а во изведба на Театарска работилница од Прилеп и Градскиот хор „Света Петка” од Прилеп.
На годинашното културно лето, на различни локации во општината, ќе се одржат голем број културно – уметнички, музички, забавни и настани на одбележување на значајни историски датуми и личности од ова поднебје.
Демирхисарското културно лето ќе биде затворено со голем забавно – музички хепенинг што ќе се одржи на  градскиот плоштад во Демир Хисар, на 7ми септемви, на предвечерието на прославата на Денот на независноста на Република Македонија.