Почнаа последните часови од битката за Мосул

0
867

Ирачките безбедносни сили, според сопствени наводи, го имаат речиси целосно вратено под своја контрола упориштето на Исламска држава – Мосул.

Старото градско јадро на Мосул, според наводи на ирачките безбедносни сили, е речиси целосно во нивни раце. Терористичката милиција „Исламска држава“ (ИД) држи уште многу мал дел од овој дел на градот. „Од реката Тигар сме оддалечени само неколку метри“, соопшти претставник на ирачката армија. Тој додаде дека има голем напредок во повторното освојување на градот.

За офанзивата на ирачката армија известува ирачката телевизија, а агенцијата Ројтерс јавува за артилериски и воздушни напади врз последните позиции на ИД. Еден од командантите со офанзивата изјави дека последните борби се многу тешки поради жестокиот отпор. Екстремистите на ИД употребуваат атентатори самоубијци против напаѓачите, изјави тој.

Највисокиот по чин полициски командант, Раид Шакир Џаудат, изјави дека неговите единици исполниле 99 проценти од воената задача во Мосул. Почнаа „последните чесови“ од борбата за градот, рече тој.

Мосул е последното големо упориште на Исламска држава во Ирак.

http://www.dw.com/mk

Без коментари