Почнаа уписите во средните училишта

0
1317

Од изутрината стартуваше првиот уписен рок. Полуматурантите со документите во рака тргнаа да се запишат во едно од 7- те средни училишта од градот. Според конкурсот на ниво на општина Битола има вкупно 1600 слободни места , а завршени има 1023 деветооделенци. Бројката на слободни места е поголема од бројката на завршени осмооделенци, бидејќи во средните училишта од градот се запишуваат ученици и од општините Могила, Новаци, и Демир Хисар. Се запишуваа ученици и во средното Таки Даскало во Битола. И годинава за полуматурантите најатрактивна сообраќајната струка

Резултатите од јунскиот рок ќе се објават впеток. Второто пријавување ќе се врши на 5-ти јули, а следниот ден ќе се објават резултатите и слободните места. Учениците што го пропуштиле првиот уписен рок, ќе имаат можност да се пријават на вториот кој е закажан за 24-ти август.Во средното Таки Даскало има 5 струки, и едно гимназиско образование

Максималниот број поени за упис во средните училишта годинава ќе биде 80. Новина е и тоа што во средното Економско училиште „Јане Сандански“ за прв пат има паралелка со три години, и тоа што оние ученици кои што ќе се определат за гимназиско образование, наместо во втора година како што беше досега, сега при самиот упис за прва година одлучуваат на кој смер/струка, ќе го продолжат своето образование.