Почнаа уписите во средно, се бара доказ и за вакцинација

0
185

Уште од рано изутрината основците со документи в раце побрзаа да се запишат во некои од средните училишта. Годинава голем интерес за средното Економско училиште Јане Сандански . Учениците веруваат дека токму изборот за средно ќе им го олесни патот до идно вработување или факултет.
Доколку во првиот уписен рок не се пополнат местата во средното Економско ќе има и втор уписен рок

UPISI_002.jpg
Министерството за образование го објави конкурсот за упис во средно училиште за 2015/16г по градови уште во март .Во Битола во седумте средни предвидени се да се запишат 1200 осмооделенци не земајќи ги во предвид осмооделенците од Демир Хисар, Ресен, општините Могила и Новаци како и останатите места од опкружувањето. До нашата редакција се пожалија родители на чии што деца им било побарано при упис евиденција за примена вакцина а тоа не било наведено во конкурсот кој што е објавен од страна на министерството за образование

UPISI_003.jpg
Резултатите од пријавувањето ќе бидат објавени на 24 јуни. Во јунскиот рок ќе има и второ пријавување – на 29 јуни и 30 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе биде на 24 август. За идните средношколци слободни се 35.445места.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY