Почнала лидерската средба без Груевски?

0
674

Еден час од почетокот на вонредната лидерска средба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сѐ уште не пристигнал во Клубот на пратениците. Тука се претседателите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Лидерската средба е закажана итно пред најавената прес-конференција за оценката на САД и на ЕУ за тоа дали се исполнети условите за предвремени избори на 24 април. Иницирана е од амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Некои медиуми објавија дека меѓународната оценка е дека ако изборите се на 24 април, времето е прекратко за истите да бидат кредибилни.

Без коментари

LEAVE A REPLY