Почнува аџилакот во Мека

0
308

Повеќе од 1,4 милиони верници пристигнаа на аџилак во Мека, во Саудиска Арабија, кој ќе започне следната недела, објавија властите во оваа земја. Вкупно два милиони верници треба да учествуваат во аџилакот оваа година, а ќе се вратат и Иранците отсутни во 2016 година.

Меѓу новодојдените се и 400 верници од Катар, кои дојдоа на саудиска територија преку границата Салва, и покрај кризата меѓу Катар и неговите заливски соседи. Саудиска Арабија минатата недела најави дека ја отвори својата копнена граница со Катар со цел да им овозможи на верниците да дојдат во Мека на аџилак.

Саудиска Арабија исто така најави дека ќе испрати авиони на свој трошок за да ги транспортира другите верници од Катар на нејзината територија.

http://makfax.com.mk

Без коментари