Почнува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

0
543
На камената сцена на плоштадот „Александрија“ во Прилеп со сценско музичкиот перформанс „Традицијата оживува“ беше  отворен 43-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
Уметничкиот перформанс  претстави ревија на женски носии од Полошкиот регион од крајог на 19-от и почетокотна 20 –от век, а преку песни и обичаи ја прикажа статусната улога на жената од овој крај. Автор на ова несекојдневно доживување е студентот Бојан Петковски.
Пеце Атанасовски е една од клучните личности во македонската култура, преку фолклорот, по Втората светска војна. Од 1959 година до пензионирањето, тој бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија.

Без коментари