Почнува исплатата на субвенциите

0
2015

Откако Игор Златков и официјално е новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  за Телевизија 24 потврди дека  го положил испитот по англиски јазик и го добил сертификатот за познавање на англиски јазик што беше кочница за депонирање на неговиот потпис во Централниот регистар и за исплата на субвенциите.

Тој уверува дека исплатата на субвенциите ќе почне од денеска. Исплатата  е стопирана шест месеци, бидејќи се чека формирање на нова влада.

Пред две недели антикорупциската комисија даде позитивно мислење дека исплатата може да продолжи. Но во меѓувреме истата се одолговлечи поради директорските смени во платежната агенција која менаџира со исплатата на субвенциите.

Државата им ги должи на земјоделците дел од субвенциите за 2015 година и речиси сите за 2016 година.